Thursday 21 October 2021  
   

 
НОВО! Сеизмичка темелна перница во пракса

temeljna blazina SEISMIC

temeljna blazina SEISMIC

 

 

 

 

 

 

Вака се градеше првата сеизмичка темелна перница (топлинска и хидро- изолирана темелна плоча за сеизмички ризични подрачја) во Европа.   



Добредојдовте во FIBRAN-овиот ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ!

На нашите интернетни страници наведуваме неколку совети за градење со употреба на изолацијата FIBRAN во различни конструкции кои што се добредојдени како за проектантите така и за изведувачите, надзорниците и самоградителите.



Термоизолација на ѕид и Звучна изолација

Надворешниот изглед на фасадата креира слика во јавноста, го открива идентитетот и ги изразува креативните ноти на архитектот. Кога градежниот дел на  фасадата ќе се заврши, текстурата и боите се комбинираат и се добива целосниот изглед. 

Животниот век и трајноста на фасадата може да се продолжат со поставување на Надворешиот Термоизолационен Композитен Систем, зависно од посакуваниот надворешен изглед и функционалност на објектот. Исто така, изборот за најефикасен термоизолационен материјал кога станува збор за дебелина, се добива и оптимален термален комфор, звучна изолација и заштита од пожар, со креирање на Фасаден Енергетски Штит.

За да се постигне термо комфорт, звучна изолација и превенција од пожар се постигнува со:

  • селекција на правилен надворешен термоизолационен композитен систем
  • селекција на правилен термоизолационен материјал
  • адекватна дебелина на термоизолациониот материјал
  • правилна апликација на материјалите по инструкциите на производителот
  • внимание да се обрне на деталите

    Правилната апликација на Надворешниот Термоизолационен Композитен Систем овозможува
  • постојан термо комфорт
  • звучна изолација
  • заштита од пожар
  • долговечност на изолацијата
  • обновен надворешен изглед 

 

ИЗБИРАЊЕ НА ПРАВИЛЕН ИЗОЛАЦИОНЕН МАТЕРИЈАЛ

Кога се избира правилниот изолационен материјал, и да се осигури долговечноста и стабилноста на апликацијата после одредено време, посебно внимание треба да се обрне на енергетскта ефикасност при изработна на надворешната термофасада како комплетен систем, карактеристиките при ектремните температури, како и можноста за појава на влага. Исто така, кога се избира надворешниот термофасаден систем  треба да се земе во обзир и локацијата на објектот, на каква клима е подложен, надморска височина и специјалните барања за заштита од пожар зависно од објектот. Изборот на правилен изолационен материјал може истовремено да ги задоволи термалните и звучни барања и да ни овозможат заштита од пожар.

 

ДЕБЕЛИНА НА ИЗОЛАЦИЈАТА

Дебелината на изолацијата зависи од моменталните регулативи за постигнување на енергетска ефикасност, правила за звучна изолација и акустички перформанси, како и норми за заштита од пожар зависно од типот на објект. Како и да е, дебелинатња на материјалот може да биде:

- минимална дебелина што е пропишана од страна на Законот за енергетска ефикасност, зависно од локацијата и употребата на објектот

- или, оптимална дебелина за да се подобрат енергетските перформанси на објектот



Динамична изолација- Пасивна вентилација

Камената волна има отворена мрежеста структура со изолациски материјал кој овозможува водоотпорност µ=1, т.е. непропустлив на воздух. Тоа овозможува минималени количини на проток на воздух преку обвивката на објектот, што се должи на Пасивната вентилација. Вентилацијата овозможува висок квалитет на воздухот во внатрешноста - т.е. циркулира воздухот, ја елиминира влагата, непријатните мириси, чад, прашина, бактерии во воздухот и јаглерод диоксид. Бидејќи нема механички вентилациски систем, потребна е контрола на природната циркулација на воздхот во објектот преку овој тип на пасивна вентилација поставена на ѕидовите на објектот. Материјалот за изолација FIBRANgeo ги изолира објектите и овозможува циркуларија на водената пара и проток на воздух, со што ја регулира внатрешната влага. Тоа се овозможува бидејќи самиот материјал овозможува размена на воздухот од внатрешноста на објектот и надворешниот воздух. 

Дополнително, кога ладниот надворешен воздух поминува во внатрешниот просор преку ѕидот кој е обложен со FIBRANgeo се затоплува, со што се зголемува термоизолацијата. ( Динамична изолација)

Со тоа, динамичната изолација овозможува поголем квалитет на внатрешниот воздух и дополнителни термички добивки за објектот.



Кос покрив

Гледајќи дека кровот е најизложениот дел на една градежна конструкција, потребно е да нуди ефективна термозаштита од температурните разлики. Кровната конструкција на косиот кров може да биде од метал, дрво, армиран бетон. Изолацијата може да биде поставена на таванот или на самите греди зависно од кровот ( помеѓу, под или над кровната структура). Изборот  на поставувањето на изолацијата главно зависи од тоа дали таванскиот простор ќе се користи за живеење или не. Доколку таванскиот простор се користи за живеење, изолацијата се поставува на гредите, а во спротивно доколку таванот не се претвара во место за живеење изолацијата се поставува  на таванот.

ФИБРАН нуди широка палета на различни производи од камена волна, ФИБРАНгео, што дозволува градбата да ги задоволи сите термоизолациони барања.

Дополнително, високиот степен на апсорбција на звук со кој се карактеризираат производите на ФИБРАНгео, ја зголемуваат звучната изолација на изолираните структурни елементи, со што се минимизира звукот кој доаѓа од надворешноста.

И за крај, користењето на ФИБРАНгео производите од камена волна е клучна кога станува збор за заштита од пожар на кровната конструкција. ФИБРАНгео e несогорлив материјал ( КЛАСА А1, EN 13501-1), што ги штити изолираните елементи и останатите елементи околу камената волна од пожар.



Подна термоизолација и Звучна изолација

Термоизолацијата како и звучната изолација на подот овозможуваат комфорен живот за тие кои живеат во станот/куќата како и за нивните соседи.

Термоизолацијата на подот е потреба без разлика дали станува збор за приземје или живеење на кат во зграда/куќа. Во секој случај, со поставувањето на термоизолација на подот се минимизираат термо загубите на самиот простор, како и размената на вашиот затоплен простор со просторот кој не е изолалиран ( над или под вас). ФИБРАНгео производите од камена волна се погодни за изолирање на самиот под.

Во меѓувреме, звучната изолација која ја нуди самиот производ ќе ве заштитува од надворешната галама, внатрешноста на објетот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

FIBRANgeo stoneweool allows for the sound insulation of floors without significant addition to the overal dead load of the floor structure.  The dynamic stiffness of FIBRANgeo stoneweool boards is such that the floor construction operates as a 'spring', absorbing travelling impact sounds (see diagram). 

 



FIBRANgeo - од јадрото на земјата до заштита на објекти

FIBRANgeo - пријател на природата

FIBRANgeo камената волна е природен производ, 100% се рециклира. Произведен во Грција, од вулкански минерали како базалт, варовник, доломит и боксит, репроматеријали стари 200 милиони години. Методата со електричната печка која се користи во процесот на производство, има далеку поголеми предности за разлика од стандардниот начин на производство, со што дозволува производство на влакна со одлични технички својства. Иновативниот начин на производство на влакна за камена волна, стои зад тоа дека нивоата на сулфур и нитроген оксид (SOX и NOX) се минимизирани за разлика од класичниот начин на производство.

  FIBRANgeo термо заштита преку целата година

Заради влакнестата структура, FIBRANgeo  камената волна го задржува топлиот воздух и ја намалува размената помеѓу топлите и ладните површини. Нискиот коефициент на термоспроводливост и високата термоотпорност даваат одлична термоизолација и гарантираат подобрен конфорт во зима и лето. После поставувањето на материјалите тие не ја губат својата ефикасност преку годините. Исто така,   FIBRANgeo производите остануваат непроменети при високи температури или други временски услови.

FIBRANgeo - звучна изолација - заштита од звук

FIBRANgeo камената волна ги апсорбира надворешните звукови, задоволувајќи ги потребните прописи на Sound Insulation Regulations. Фибран гео производите од камена волна имаат висок коефициент на абсорпција на звук и оптимална пропустливост на воздух. Објектите кои се изградени со овие производи се заштитени од надворешни влијанија на звук и во самите простории имаме подобра акустика.

FIBRANgeo - заштита од пожар

FIBRANgeo производите од камена волна се НЕ-ЗАПАЛИВИ материјали кои ги задржуваат своите својства при високи температури, до максимална температура до 700 степени Целзиусови. При користење во градежната, индустриската и бродоградителската конструкција допринесува отпорност од оган до 120 минути од моментот на запалување на објектот. Фибран гео производите се главен елемент кога станува збор за отпорност од пожар на ѕидови, фасади, подови, кровови, панели, врати и други пасивни системи за заштита од пожар.



Не сакате за заштедите?

... тие не штедат!

Дозволете ни да градиме на енергетски ефикасен начин!

 

 

         >>>>  Дозволете ни да направиме ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ!

Климатски промени и скапоцена енергија

Повеќето од нас не се свесни дека сме дел од природата, како и дека треба да делуваме во полза на природните закони, наместо да работиме против нив, и потоа да се жалиме дека не сме биле свесни за последиците бидејќи поголемиот дел од времето ги игнорираме.

Глобалното и урбано  живеење во сите области, комбинирано со желбата за комфорно живеење, го зголемуваат загадувањето и глобалното затоплување. Ние сме причината за забрзаните климатски промени, како и импактот на дневно ниво и нашите работни места. Со текот на времето стануваме свесни дека целиот развој мора да успори се со цел да се заштити природата, или да продолжи со имплементирање на барања, прописи кои ќе осигураат природен баланс за идните генерации.

За жал, осноните барања за живеење не можат да бидат земени здраво за готово. Чист воздух, чиста вода, органска храна, нормално време, пријатна клима, сите тие фактори допринесуваат за долг и пријатен живот за секоја идна генерација. Како и да е, очекуваните резултати од климатските промени се многу загрижувачи, и моменталните сознанија за потрошеноста на енергетските извори се исцрпува забрзано.

Време е за промена !

Не можеме да имаме влијание на се, но сепак може да направиме промени за самите нас а со тоа да имаме влијание врз целата околина.. Мора да работиме на тоа да станеме енергетски ефикасни пред да биде доцна.

Уште од 1992, Обединетите Нации го презентираа моделот по кој треба да се водиме се со цел да ги држиме климатските промени под контрола, модел кој е ратификуван од сите земји членки, се со цел да се намали загадувањето на нашата околина. После овој чекор, се забележува подобрување во следните области ; при барање начини да се стане енергетски независен, што значи користење на обновлива енергија. Заштедата на енергија и енергетската независност главно започнува со имплементација на ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ на објектите, со поставување на термоизолација во дебелини кои се бараат за да се постигне енергетска ефикасност.

Ниско- енергетска куќа - Нулта енергија куќа - Енергетски независна куќа

Како и да е изразот за објект кој треба да троши минимална енергија - тоа е морално и тоа е иднината.

Штедењето не е решение. Наместо тоа, направете да биде енергетски ефикасно!

To save in the sense of “giving up something” is not pleasant. We all wish to live comfortably and without worries, so let us create energy efficient buildings.

Да заштедите, а за тоа да се откажете од нешто друго не е во ред. Сите ние сакаме да живееме комфорно и без грижи, затоа дозволете ни да градиме енергетски ефикасни објекти. Дозволете ни да направиме ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ.

 

>>>> Ефикасна термо заштита!

Енергетска ефикасност значи дека не конзумираме толку енергија колку што е потребна за комфорно живеење. Количината на потрошена енергија за комфорно живеење најмногу зависи од поставената дебелина на термоизолацијата која нуди долгогодишна заштита од ладно и топло и овозможува пријатна клима за живеење. Селекцијата на правилна термоизолација зависи од тоа како и каде е користена.

Ефективната термоизолација на објектите е прв и најлесен чекор за долгогодишно комфорно живеење.
Честите несакани временски промени ( бури, поплави, засилени ветришта..), многу високите температури во лето, високите сметки за нивно ладење, големата загуба на енергија при затоплување во зима и новите регулативи за градба ни прават да размимислиме и да превземеме дејства:

- Архитектите се трудат да ги адаптираат облиците на објектите, со цел да ги заштитат од климатските промени
- Прописите и регулативите вклучуваат зголемени барања за термо ефикасност на објектите, за енергетска независност
- Добра информираност на градителите за изборот да крадат ниско- енергетски објекти
- Кога се планира обновување, долготрајност и енергетските решенија се земаат во обзир.

  •  


Добредојдовте на ЕНЕРГЕТСКИОТ ШТИТ на ФИБРАН !

ФИБРАН производите за изолација, се аплицираат преку искусни мајстори и во зависност од регулативире и правила за добро поставуање на истите, се создава долгогодишен и корисен ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ на градежните конструкции и индустриски апликации.

ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ што ги минимизира термо загубите и ја на намалува потрошувачката на енергија

ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ што не штити самите нас, како и објектите од  температурни разлики и секакви надворешни влијанија

ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ што овозможува термо коммфорт за нашето живеење и работа

ЕНЕРГЕТСКИ ШТИТ што го намалува загадувањето на околината и спречува трошење на вишок енергија



Rss Feeds

Products

Technical support

First energy aid

Photo Gallery


Copyright © 2021 Fibran (Terms of Use) (Protection of personal data) Designed & Developed by Tessera