Сам свој мајстор
Да се биде сам свој мајстор понекогаш покрај пари може да ни заштеди многу нерви. Дури и ако крајниот производ не е направен совршено, тоа е вредно бидејќи сме го направиле сами ... затоа топлинската заштита на следните конструкции дефинитивно можеме да ја изведеме сами:
Ѕид и плафон
Кос покрив
Рамен покрив, тераса, балкон
Енергетска прва помош
Почитувани!
Собравме основни информации со кои учесниците во градежниот процес треба да бидат сознаени, бидејќи тие влијаат на ефикасното користење на енергијата во зградите. Ако барате конкретни информации за изведување на термоизолациска заштита во одредена конструкција, погледнете го заглавието Упатства за градење.
Топлински мостови
Со топлински мост ја именуваме површината, линијата или точката со зголемен топлински преток. На тие места поради намалениот топлински отпор доаѓа до зголемени топлински загуби. Бидејќи површината на огреваните простории на тие места побрзо се лади, доаѓа до големи разлики меѓу температурата на површината и температурата на воздухот. Потоплиот воздух има својство на впивање на поголеми количини на влага при што во фазата на наситеност доаѓа до кондензирање на влагата на поладните места. На тие места постепено доаѓа до појава на мувла, до отпаѓање на заклучниот слој или дури отпаѓање на малтерот. Појавата на влага а последично и на мувла влијае на удобноста на живеење и на здравјето.
Одредени топлински мостови предизвикуваат невидливо навлажнување и во самата конструкција кадешто постојаното присуство на влага на крајот ќе доведе до уништување на градежните материјали.
Што е решение?
Климата во просторијата можеме да ја подобриме со зголемување на температурата и со почесто проветрување на просторијата, што е само импровизација бидејќи предизвикува нерационално зголемување на потрошувачката на енергија за огревање а со тоа проблемот не се решува.
Топлинските мостови најдобро е да се спречат во фазата на проектирањето или изградбата, во случај на постоечки згради па е потребна санација на истите. Бидејќи на местата на топлинските мостови мораме да го зголемиме топлинскиот отпор на конструкцискиот склоп (треба да се смали преносот на топлината) тоа во пракса значи вградување на дадатна топлинска изолација.
Термички мостови
.Термичките мостови се појавуваат на површината, линија или точка која има повисока температура за разлика од останатата површина. Намалената термоотпорност на овие места која резултира со загуба на енергија, се случува бидејќи површината на загреаните места се лади многу побрзо што допринесува зголемување на разликите помеѓу површината и температурата на воздухот. Зголемената температура на воздухот дозволува апсорбција на влага , кое во ладни околини кондензира и се претвара во вода. Со текот на времето, влагата прераснува во мувла или во најлош случај делови од површината ќе почнат да паѓаат. Формирањето на мувлата, како последица , има негативен ефект врз комфортното живеење и станарите на зградата.
Кое е решението?
Климата во затворено место може да се подобри со покачување на температурата и поголема вентилација, но тоа не е адекватно, односто тоа е привремено решение, кое ќе резултира со нелогично покачување на енергијата за затоплување.
Некои термички мостови може да предизвикаат невидливи штети во внатрешноста на конструкцијата, и со константното присуство на влага, самиот градежен материјал ќе биде оштетен.
Најдобро решение за овој проблем е да се спречи појава на термички мостови додека се проектира и гради самиот објект. Доколку станува збор за стара зграда, за термичките мостови следува поправка. Зголемувањето на термоотпорноста на конструктивните елементи ( за да се намали термо трансмисијата) околу термичките мостови, односно треба да се зголеми термоизолацијата.
|